Marinirani-pileski-krilca-(4)

Маринирани Пилешки Крилца

Пилешки крилца маринирани во сос од мед, соја сос, чили, кари и што уште не, и тоа еден цел час. Потоа ги ставате во рерна и тоа е тоа! Превкусно! Само не ги заборавајте марамчињата.

Потребно е:

•1 кг пилешки крилца
•200 мл соја сос
•200 мл вода
•100 г мед
•50 г жолт шеќер
•2 лажици јаболков оцет
•4 чешниња лук
•1 кафена лажица чили во прав
•1 кафена лажица мелен ким
•маслиново масло
•сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Во длабок сад ги ставаме крилцата. Чешнињата лук ги сечкаме на парчиња и ги додаваме во садот. Ги додаваме оцетот, кимот, чилито, шеќерот, медот, соја сосот и водата. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Додаваме 2 лажици маслиново масло и промешуваме. Оставаме крилцата да отстојат еден час во маринадата.
  2. Алуминиумската фолија во тава за печење ја попрскуваме со масло. На фолијата ги редиме маринираните крилца. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 45 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
  3. Преостанатата маринада ја ставаме во тенџере на оган и вариме додека сосот не ја добие потребната густина.
  4. На чинија за сервирање ставаме од Маринираните пилешки крилца. Со црпалка ги преливаме со сосот од тенџерето и декорираме со парчиња тортиља чипс.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: