- Мисиркините шницли ги посолуваме, и ги наросуваме со мелен црн пипер и кари. На секоја шницла ставаме по два круга шунка, виткаме ролати и ги зацврстуваме со готварски конец.
- Ги ставаме ролатите во тава на оган со растопениот путер. Откако ќе се запржат од сите страни го додаваме млекото. Во тавата со наполу издинстаните ролати ги додаваме шампињоните.
- Неутралната павлака ја додаваме во садот со густинот и мешаме со лажица. Потоа и размешаниот густин го додаваме во тавата. Ги превртуваме ролатите за да го впијат вкусот на шампињоните. Откако сосот ќе ја добие потребната густина ја тргаме тавата од оган.
- Ги вадиме ролатите од тавата, им го отстрануваме конецот и два ролата сечеме на половина. На едниот крај на чинија за сервирање нанесуваме претходно издинстаниот мешан зеленчук.
- Го сервираме Ролуваното мисиркино месо и го преливаме со сосот од тавата. Декорираме со листови магдонос.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит