Pogacici-so-sunka2

Погачици со Шунка

Од румено и крцкаво тесто, со убави форми и вкусен фил. Е, сега ќе Ви треба околу еден час за да ги направите, но вреди. Ама, пак затоа откако ќе ги ставите на трпезата ќе ги снема за 5 минути. Е, тогаш за задоволството ќе вреди уште повеќе.

Потребно е:

300 г брашно
100 мл млеко
3 јајца
30 г путер
15 г свеж квасец
150 г шунка
100 г кромид
масло за јадење
Хималајска сол

Подготовка:

  1. Во чашата со млекото го додаваме квасецот и мешаме со лажица додека не се растопи. Во длабок сад со виљушка го гмечиме путерот. Додаваме половина од брашното и мешаме со рака.
  2. Го додаваме и преостанатото брашно и посолуваме. Кршиме 2 јајца, белките ги оставаме во сад на страна, а жолчките ги додаваме во длабокиот сад. Потоа го додаваме млекото со растопениот квасец и со рака замесуваме тесто.
  3. Оставаме да отстои 15-тина минути. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано масло во тава на оган. Шунката ја сечкаме на коцки и ја додаваме во тавата со омекнатиот кромид.
  4. Откако и шунката ќе се запржи ја тргаме тавата со филот од оган. На набрашнета работна маса го ставаме тестото, го наросуваме со брашно и со сукалка развлекуваме кора. Со калап од кората вадиме тркалезни форми.
  5. Од половината од формите со помал калап вадиме помали тркалезни форми, формирајќи прстени. Со готварска четка тркалезните форми ги премачкуваме со вода и ги нанесуваме прстените. Ги притискаме краевите на тркалезните форми и прстените со виљушка за да се залепат и ги редиме погачиците во тава за печење, обложена со хартија.
  6. Во длабнатините со лажица ставаме од подготвениот фил. Преостанатото јајце го кршиме и ја делиме белката од жолчката. Ја матиме жолчката со готварска четка и ги премачкуваме погачиците. Тавата ја ставаме во рерна.
  7. Печеме 30 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови марула и црвена зелка. Потоа на чинијата скалесто ги сервираме погачиците.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *