junesko-na-gurmanski

Јунешко во Гурмански Сос

Самото име кажува се, само не кажува дека имате и зеленчук за задоволството да биде комплетно. А, од сос со пржен кромид, коцки чадена сланина, бело вино, сенф, шеќер, лимонов сок, ловоров лист и павлака со задовлство би мацнале и оние кои баш и не се сметаат за големи гурмани.

Потребно е:

600 г јунешка кртина од бут
100 г кромид
50 г чадена сланина
200 мл бело вино
200 мл кисела павлака
40 г брашно
1 лимон
1 чешне лук
1 ловоров лист
1 лажица свинска маст
½ лажица црвен пипер
½ лажица сенф
½ лажица шеќер
масло за јадење
Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Главицата кромид ситно ја сечкаме, и ја пржиме на загреана мешавина од свинска маст и масло во тенџере на оган. Чадената сланина ја сечкаме на коцки и ја додаваме во тенџерето со омекнатиот кромид.
  2. Откако сланината ќе порумени го додаваме црвениот пипер и промешуваме. Чешнето лук го гмечиме со нож и го додаваме во тенџерето. Потоа додаваме 500 мл вода, 100 мл бело вино и ловоровиот лист.
  3. Месото го сечкаме на долгнавести парчиња, ги посолуваме и ги наросуваме со мелен црн пипер. Потоа и парчињата месо ги додаваме во тенџерето со зовриениот сос. Го додаваме преостанатото вино, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер.
  4. Вариме на тивок оган додека месото не омекне, го тргаме тенџерето од оган и го вадиме ловоровиот лист. Ги додаваме сенфот и шеќерот. Лимонот го цедиме во цедалка, па и лимоновиот сок го додаваме во тенџерето.
  5. Брашното го додаваме во садот со киселата павлака и мешаме со лажица. И размешаната павлака ја додаваме во тенџерето, промешуваме и го враќаме на оган.
  6. Откако сосот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. На чинија за сервирање ставаме претходно сварен ориз и претходно обарен прокељ. Го сервираме Јунешкото во гурмански сос, од сосот нанесуваме и на оризот и декорираме со гранчиња магдонос.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: