- Во сад за матење ги кршиме јајцата. Го додаваме шеќерот и матиме со миксер додека не се растопи. Бананите ги лупиме и ги сечкаме на парчиња. Ги миксаме со блендер и ги додаваме во садот за матење.
- Потоа ги додаваме млекото, брашното, сокот од брусници, маслото, прашокот за печиво, румот, оревите и брусниците. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
- Ја нанесуваме во со масло намрсен и набрашнет калап куглоф. Го ставаме калапот во рерна. Печеме 50 минути на 180 степени и го вадиме од рерна.
- Подизладениот Куглофот со брусници го вадиме од калапот и го ставаме на чинија за торта. Декорираме со претходно изматен шлаг.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.