Baklava-so-visni1

Баклава со Вишни

Со фил од јајца, шеќер и павлака. Киселкастиот вкус на вишните ја прави помалку тешка и блага од било која друга балкава која до сега сте ја правеле. А, бидејќи замрзнати вишни има во текот на целата година во секој поголем маркет значи дека е за 4 сезони.

Потребно е:

– 500 г кори за баклава
– 500 г вишни од компот

ЗА ФИЛ
– 4 јајца
– 200 г шеќер
– 200 мл кисела павлака
– 200 мл масло за јадење
– 1 прашок за печиво

ЗА ШЕРБЕТ
– 600 г шеќер
– 500 мл вода
– 1 лимон

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на шербетот. Во тенџере на оган ги ставаме водата и шеќерот. Лимонот го сечеме на половина и половина лимон додаваме во тенџерето. Вариме 10-тина минути, го тргаме тенџерето од оган и оставаме шербетот да се излади.
  2. Почнуваме со подготовка на филот. Во сад за матење ги кршиме јајцата и ги матиме со миксер. Го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи. Потоа ги додаваме павлаката, маслото и прашокот за печиво, и мешаме со жица додека филот не се соедини.
  3. Во правоаголна тава бр 38, намрсена со масло ставаме 2 кори, свиткани во големина на тавата. Врз нив нанесуваме од подготвениот фил и прекриваме со 2 кори. Откако ќе потрошиме половина од корите на нефилувана кора ги нанесуваме вишните. Прекриваме со кора и нанесуваме фил. Повторно ставаме 1 кора и филуваме. Истата постапка ја повторуваме додека не го потрошиме целиот фил.
  4. Прекриваме со последната кора и ја попрскуваме со масло. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 30 – тина минути на 200 степени или додека баклавата не порумени и ја вадиме тавата од рерна.
  5. Ја сечеме баклавата на парчиња. Половинката лимон ја вадиме од тенџерето. Со изладениот шербет ја преливаме топлата баклава. Откако баклавата ќе го впие шербетот и ќе се излади две парчиња Баклава со вишни ставаме на чинија за сервирање.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

2 Responses

  1. инж ХРИСТИНА Анастасова Сбиркова Канавос says:

    БЛАГОДАРЯ!!
    Много ми харесва вашита кухня!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: