Tikvicki-polneti-so-pilesko-(4)

Тиквички Полнети со Пилешко

Одлично здраво јадење.

Потребно е:

– 4 тиквички
– 1 пиле
– 250 г мелено месо
– 200 г кромид
– 150 г моркови
– 100 г ориз
– 1 врзоп магдонос
– 1 јајце
– 2 лажици брашно
– 1 лажица црвен пипер
– 1 лажица мешан зачин К+
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Во тенџере со зовриена вода на оган го вариме пилето и го ставаме во тава за да се излади. Му ги отстрануваме кожата и коските, а месото ситно го сечкаме.
  2. На тиквичките им ги отсекуваме краевите и ги сечеме на половина по должина. Половинките тиквички ги длабиме за полнење.
  3. Главиците кромид ситно ги сечкаме и ги пржиме на загреано масло во тенџере на оган. Во тенџерето со омекнатиот кромид го додаваме меленото месо и го ситниме со лажица. Издлабениоте делови од тиквичките и морковите ги сечкаме на коцки. Ги додаваме во тенџерето со запрженото месо. Магдоносот ситно го сечкаме и заедно со оризот го додаваме во тенџерето. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и го додаваме мешаниот зачин К+.
  4. Потоа го додаваме исечканото пилешко месо. Откако ќе се запржи го тргаме тенџерето од оган. Јајцето го кршиме, го додаваме во тенџерето и го промешуваме филот со лажица. Со фил ги полниме половинките издлабени тиквички и ги редиме во тава за печење.
  5. На загреано масло во друго тенџере на оган го пржиме брашното и мешаме со жица. Во тенџерето со испрженото брашно ги додаваме црвениот пипер и околу 300 мл од супата од пилето. Промешуваме и го тргаме тенџерето од оган.
  6. Разредената запршка ја додаваме во тавата за печење. Ја покриваме со алуминиумска фолија и ја ставаме во рерна. Печеме 30 минути на 200 степени. Ја вадиме тавата од рерна и ја отстрануваме фолијата.
  7. На чинија за сервирање ставаме од Тиквичките полнети со пилешко. Ги преливаме со сосот од тавата и декорираме со две гранчиња нане.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: