Soleni-bombici-so-prezla-(3)

Солени Бомбици со Лебни Трошки

Румени, крцкави топчиња од тесто кое едноставно се подготвува. Полнети со фил од шунка, кашкавал и кечап, па испржени – ретко кого ќе остават рамнодушен. А, што е уште подобро количината е доволна не само за Вас туку и за драги гости. Наша препорака – слободно можете да ги планирате и за некои домашни прослави.

Потребно е:

– 1 кг брашно
– 350 мл масло за јадење
– 250 мл вода
– 250 мл млако млеко
– 2 коцки свеж квасец
– 1 лажица шеќер
– 200 г кругови шунка
– 200 г кашкавал
– 100 мл кечап
– ½ лажица оригано
– 250 г маргарин
– 200 г лебни трошки
– масло за јадење

Подготовка:

  1. Во садот со млекото го додаваме квасецот и мешаме со лажица додека не се растопи. Потоа млекото со размешаниот квасец го додаваме во садот со брашното. Ги додаваме водата, маслото и шеќерот, и со рака замесуваме тасто. Продолжуваме да го месиме тестото на работна маса додека не стане мазно и го сечеме на 40-тина парчиња.
  2. Маргаринот го топиме во тенџере на оган. Круговите шунка ги сечкаме на коцки и ги ставаме во длабок сад. На крупната страна од рендето во садот го рендаме кашкавалот. Ги додаваме ориганото и кечапот, и го промешуваме филот со лажица.
  3. Првото парче тесто со рака го расплескуваме на работната маса. На средината ставаме од филот и формираме бомбица. На истиот начин ги подготвуваме сите бомбици. Ги свалкуваме во растопениот маргарин и во лебни трошки.
  4. Потоа ги пржиме бомбиците на поголема количина загреано масло во тава на оган. Откако ќе поруменат со лажица решетка ги вадиме од тавата и ги ставаме на чинија, обложена со хартиени салфетки.
  5. Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови ендивија и сервираме од Солените бомбици со лебни трошки. Декорираме со 4 шери домати и гранче магдонос.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *