- Во тенџере на оган ставаме 200 г шеќер и додаваме 50 мл вода. Откако шербетот ќе зоврие во тенџерето ги додаваме сечканите бадеми. Промешуваме со лажица и го тргаме тенџерето од оган.
- Содржината од тенџерето ја ставаме во длабок сад. Смоквите и урмите ситно ги сечкаме, и ги додаваме во садот. Портокалите ги лупиме, ситно ги сечкаме, па и нив ги додаваме во садот. Потоа го додаваме сувото грозје и ја месиме смесата со рака додека не се соедини.
- Од смесата формираме бомбици, 2/3 од бомбиците свалкуваме во преостанатите 100 г шеќер и ги редиме на чинија за сервирање. Преостанатите бомбици ги свалкуваме во чоколадните трошки.
- Три црни бомбици ставаме на средината на чинијата за сервирање.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.