Markova-torta-(8)

Маркова Торта

Секоја чест Марко!

Потребно е:

– 10 јајца
ЗА ПАНДИШПАНИ
– 150 г шеќер
– 1 лажица брашно
– 200 г урми без семки
– 50 г потпечени, сечкани лешници
– 50 г кокосово брашно
ЗА ФИЛ
– 800 мл млеко
– 10 лажици шеќер
– 250 г путер
– 100 г бела чоколада
– 2 кесички прашок за пудинг од ванила
ЗА УКРАСУВАЊЕ
– 2 кесички прашок за шлаг
– 200 мл млеко

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на пандишпаните. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер. Во садот постепено го додаваме шеќерот и матиме со миксерот додека не се растопи.
  2. Урмите ги сечкаме на парчиња и ги додаваме во садот. Потоа ги додаваме кокосовото брашно, сечканите лешници и брашното, и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во два тркалезни калапа бр 26, обложени со хартија. Ги ставаме калапите во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и ги вадиме од рерна.
  3. Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере на оган ставаме 500 мл млеко и го додаваме шеќерот. Во садот со жолчките, преостанати од пандишпаните, ги додаваме прашокот за пудинг и преостанатото млеко, и мешаме со жица. Потоа непрекинато мешајќи со жицата ја додаваме размешаната смеса во зовриеното млеко во тенџерето на оган. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган.
  4. Белата чоколада ја кршиме на парчиња, ја додаваме во тенџерето и мешаме со жицата додека не се растопи. Оставаме кремот да се излади. Во длабок сад со миксер го матиме путерот додека не стане пенест. Го додаваме изладениот крем и матиме со миксерот додека филот не се соедини.
  5. Во сад за матење ги ставаме прашокот за шлаг и млекото. Матиме со миксер додека шлагот не ја добие потребната цврстина. Го ставаме во слаткарска кеса.
  6. Изладените пандишпани ги вадиме од калапите и им ги отстрануваме хартиите. На чинија за торта го ставаме првиот пандишпан и го премачкуваме со фил. Врз филот го ставаме вториот пандишпан и го филуваме.
  7. Потоа со кесата со шлаг ги украсуваме крајот на горната површина и страничниот дел на тортата. На горната површина на Марковата торта наросуваме мелени ореви. Декорираме со бели шеќерни цветови и зелени шеќерни листови.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: