- Лебот го кинеме на парчиња, го ставаме во длабок сад и го преливаме со млекото. Со раце го притискаме омекнатиот леб за да го исцедиме млекото и го ставаме на чинија.
- Пилешките гради, морковите и чешнињата лук ги сечкаме на парчиња. Ги миксаме во блендер и ги ставаме во длабок сад. Главицата кромид и магдоносот покрупно ги сечкаме, ги миксаме во блендерот и ги додаваме во садот. Потоа ги додаваме исцедениот леб, меленото месо и ренданиот пармезан. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и го додаваме мешаниот зачин К+.
- Ја месиме смесата со рака додека не се соедини. Моцарелата ја сечкаме на парчиња. Од подготвената смеса расплескуваме на даска за сечење. На средината ставаме едно парче Моцарела и го формираме ќофтето, прекривајќи го сирењето. На истиот начин ги подготвуваме сите ќофтиња и ги редиме во тава за печење, обложена со хартија. Ги попрскуваме ќофтињата со масло и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 30 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
- Во тава за пржење на оган го ставаме кечапот. Ги додаваме ориганото и 50 мл вода, и мешаме со жица. Откако сосот ќе ја добие потребната густина ја тргаме тавата од оган.
- На два краја на чинија за сервирање нанесуваме претходно подготвено пире од компири и сервираме две ќофтиња. Едно ќофте сечеме на половина и го додаваме на чинијата. Нанесуваме од сосот од кечап, и декорираме со гранчиња магдонос и копар.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит.