- Главицата кромид ја сечкаме на тенки резанки и ја пржиме на загреано масло во тава на оган. Откако кромидот ќе омекне го ставаме во керамичко грне.
- Модриот патлиџан го сечкаме на коцки, го пржиме на преостанатото масло во тавата на оган и го додаваме во грнето. И пиперката ја сечкаме на коцки, ја запржуваме во тавата и ја додаваме во грнето.
- На ситната страна од рендето ги рендаме морковите и коренот од целер, и ги ставаме во тавата на оган. Лентите сланина ги сечкаме на ситни коцки и ги додаваме во тавата. Во тавата со запржениот зеленчук и сланината го додаваме меленото месо и го ситниме со лажица. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Откако месото ќе се испржи ситно го сечкаме магдоносот и заедно со доматниот сос го додаваме во тавата.
- Во посолена зовриена вода во тенџере на оган ги вариме резанките. Полу сварените резанки ги цедиме во цедалка и ги додаваме во тавата на оган. Потоа и содржината од тавата ја додаваме во грнето и промешуваме. Го покриваме со капак и го ставаме грнето во рерна. Печеме 40 минути на 220 степени и го вадиме од рерна.
- Од Грнето со мелено месо ставаме на чинија за сервирање.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит.