Pogaca so spanak _ Hrana i Vino MKD0

Погача Со Спанаќ

Многу малку работи се поубави од убава погача.

Потребно е:

•500 г брашно
•6 јајца
•250 мл млеко
•700 г исчистен спанаќ
•100 г кашкавал
•70 г путер
•2 коцки свеж квасец
•30 г сусам
•1 лажица мешан зачин К+
•масло за јадење
•Хималајска сол

Подготовка:

  1. Квасецот го рониме и го додаваме во садот со брашното. Посолуваме и ги додаваме млекото, 150 мл масло и 4 јајца. Со рака замесуваме тесто и оставаме да стасува 30-тина минути на топло место.
  2. Исчистениот спанаќ го сечкаме и го динстаме на загреано масло во тенџере на оган. Го додаваме мешаниот зачин К+ и откако течноста ќе испари го тргаме тенџерето од оган. На крупната страна од рендето во тенџерето го рендаме кашкавалот и го промешуваме филот.
  3. На набрашнета работна маса го размесуваме стасаното тесто. Го сечеме на 32 парчиња и формираме топчиња. Од секое топче тесто со сукалка развлекуваме мала кора.
  4. На средината нанесуваме фил, го прекриваме со краевите на кората и повторно формираме топчиња. Ги редиме во тркалезна тава бр 30 намрсена со путерот.
  5. Во длабока чинија ги кршиме преостанатите 2 јајца и матиме со жица. Со готварска четка со изматени јајца ја премачкуваме погачата и ја наросуваме со сусам. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 45 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна. Ја ставаме погачата на керамичка чинија.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *