Mrzliv-zelnik1

Мрзлив Зелник

Не знаеме зошто е мрзлив, ние си го сакаме затоа што е превкусен!

Потребно е:

– 800 г брашно
– 500 мл млака вода
– 1 свеж квасец
– 1 лажица шеќер
– 250 г маргарин
– 600 г праз
– 500 г урда
– 2 јајца
– масло за јадење
– Хималајска сол

Подготовка:

  1. Квасецот го рониме и го додаваме во садот со брашното. Го додаваме шеќерот и посолуваме. Потоа постепено ја додаваме водата и со рака замесуваме тесто. Формираме топка и оставаме тестото да стасува 30-тина минути на топло место.
  2. Празот ситно го сечкаме и го ставаме во длабок сад. Ги додаваме урдата и јајцата, и посолуваме. Додаваме и 2-3 лажици масло и го промешуваме филот. Стасаното тесто го размесуваме на набрашнета работна маса. Го сечеме на половина и од секое парче тесто формираме топка.
  3. Од првата топка тесто на набрашнета работна маса со сукалка развлекуваме кора. Ја премачкуваме со маргарин и ја сечеме на 7-8 триаголни парчиња. Со премачканата страна надолу ги редиме парчињата едно врз друго. Краевите на парчињата ги свиткуваме навнатре, повторно формирајќи топка. Истата постапка ја повторуваме и со втората половина од тестото. Оставаме тестата да стасуваат 30-тина минути.
  4. Од првата топка, со маргарин премачкано тесто, со сукалката развлекуваме кора. Ја ставаме во тркалезна тава бр 30 намрсена со маргарин, оставајќи крајот на кората да виси надвор од тавата. Врз кората го нанесуваме подготвениот фил и го попрскуваме со масло. И од втората топка тесто развлекуваме кора, поголема од тавата.
  5. Со помош на сукалката, истовремено стуткувајќи ја, ја ставаме во тавата. Крајот на првата кора го свиткуваме навнатре, формирајќи витка на зелникот. Го попрскуваме со масло и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 30-тина минути на 220 степени и ја вадиме од рерна.
  6. Од средината на подизладениот зелник отсекуваме круг. Го ставаме зелникот на даска за сервирање. Во длабнатината ставаме сад со кисела павлака и декорираме со гранче копар.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *