Polneti-pecurki

Полнети Печурки

Со фил од млад кромид, шунка, кулен, пржени сечкани шампињони, рендано сирење, бело вино, сенф и зачини. Ако сте љубител на пикантна храна само додадете парчиња феферонки, ако пак не слободно изоставете ги – вкусот нема да изгуби ништо. Но, со тоа што ќе ги испечете наросени со рендан кашкавал ќе добие многу.

Потребно е:

– 500 г свежи шампињони
– 50 мл бело вино
– магдонос
– 1 лажица сенф
– 1 лажица црвен пипер
– 1 лажица мешан зачин К+
– 2 врзопа млад кромид
– 50 г кругови шунка
– 50 г ленти кулен
– 50 г сирење
– 2 конзервирани феферонки
– 100 г кашкавал
– ½ лажица лук во прав
– масло за јадење
– Хималајска сол

Подготовка:

  1. На печурките им ги отстрануваме рачките и ги лупиме. Ги длабиме за полнење и ги ставаме во огноотпорен сад. Издлабените делови и рачките од печурките ситно ги сечкаме и ги пржиме на загреано масло во тава на оган.
  2. Откако течноста ќе испари посолуваме, и ги додаваме лукот во прав, сенфот, виното, црвениот пипер и мешаниот зачин К+. Магдоносот ситно го сечкаме и го додаваме во тавата. Динстаме додека алкохолот не испари и ја тргаме тавата од оган.
  3. Младиот кромид ситно го сечкаме и кратко го запржуваме на загреано масло во друга тава на оган. Лентите кулен и круговите шунка ги сечкаме на ситни коцки, и ги додаваме во тавата. Потоа ситно ги сечкаме феферонките, па и нив ги додаваме во тавата. На крајот ги додаваме испржените сечкани шампињони, промешуваме и ја тргаме тавата од оган.
  4. На крупната страна од рендето во тавата го рендаме сирењето и го промешуваме филот со лажица. Ги полниме шампињоните во огноотпорниот сад. На крупната страна од рендето на чинија го рендаме кашкавалот. Го нанесуваме на полнетите печурки и попрскуваме со масло. Садот го ставаме во рерна. Печеме 30 минути на 200 степени и го вадиме од рерна.
  5. На чинија за сервирање ставаме од Полнетите печурки и со лажица ги преливаме со сосот од огноотпорниот сад. Декорираме со листови магдонос.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *