- Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано масло во тава на оган. Сланината ја сечкаме на коцки и ја додаваме во тавата со омекнатиот кромид. Компирите ги сечкаме на коцки и ги додаваме во тавата со запржената сланина. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Промешуваме и откако и компирите ќе се запржат ја тргаме тавата од оган.
- Тавата за печење ја попрскуваме со масло и ја ставаме на оган. Крапот го засекуваме на повеќе места. Го посолуваме од надворешната и од внатрешната страна, и го набрашнуваме. Го ставаме крапот да се пржи на загреаното масло во тавата на оган. Откако ќе порумени од двете страни го вадиме од тавата и го ставаме на чинија.
- Во тавата за печење ги ставаме компирите со кромид и сланина, а врз нив го нанесуваме испржениот крап. Го преливаме со белото вино и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 60 минути на 220 степени и ја вадиме од рерна.
- На едната страна на чинија за сервирање ги нанесуваме компирите со кромид и сланина, а до нив го сервираме крапот. Декорираме со листови ендивија и две половинки скалесто засечен лимон.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит