- Во тенџере на оган ставаме 300 мл млеко и го додаваме ванилиниот шеќер. Јајцата ги кршиме, белките ги оставаме во сад на страна, а жолчките ги додаваме во сад со 300 мл млеко. Го додаваме и прашокот за пудинг и мешаме со жица. Потоа непрекинато мешајќи со жицата ја додаваме размешаната смеса во зовриеното млеко во тенџерето на оган. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Оставаме кремот да се излади.
- Во сад за матење го ставаме путерот. Го додаваме шеќерот во прав и матиме со миксер додека путерот не стане пенест. Потоа го додаваме изладениот крем и матиме со миксерот додека филот не се соедини.
- Плазма бисквитите ги потопуваме во преостанатите 150 мл млеко и во 4 колони од по 4 бисквити ги редиме на правоаголен послужавник. Ги премачкуваме бисквитите со фил. Врз филот редиме 4 колони од по 3 бисквити, потопени во млеко и повторно филуваме. Потоа во 4 колони редиме по 2 бисквити, потопени во млеко и премачкуваме со фил. На средината редиме една колона од 4 бисквити, потопени во млеко.
- Целата пирамида ја премачкуваме со преостанатиот фил. Чоколадата за готвење ја кршиме на парчиња и ја ставаме во тенџере на оган. Го додаваме маслото и мешаме со лажица. Откако чоколадата ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган. Со лажицата со растопената чоколада ја декорираме Плазма пирамидата.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Пријатно.