- Во тенџере со зовриена вода на оган го обаруваме спанаќот, го цедиме во цедалка и ситно го сечкаме.
- Во длабок сад ги кршиме јајцата и ги матиме со жица. Ја додаваме павлаката и мешаме додека не се соедини со јајцата. На крупната страна од рендето во садот рендаме половина од кашкавалот. Потоа го додаваме сирењето и го ситниме со жицата. Чешнето лук го сечкаме на парчиња и го додаваме во садот. Ги додаваме исечканиот спанаќ, прашокот за печиво, половина од сусамот и мешаниот зачин К+. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и го промешуваме филот.
- Правоаголниот огнотпорен сад го намрсуваме со путер. Во садот ставаме една кора свиткана во големина на садот. Потоа во садот со филот една по една потопуваме 8 стуткани кори и ги редиме во огноотпорниот сад. Прекриваме со 10-тата кора свиткана во големина на садот. Врз неа го нанесуваме преостанатиот фил. На крупната страна од рендето во садот го рендаме преостанатиот кашкавал и го наросуваме преостанатиот сусам. Преостантиот путер го сечкаме на парчиња и го нанесуваме на питата. Го ставаме садот во рерна. Печеме 45 минути на 180 степени.
- Го вадиме садот од рерна и ја сечеме подизладената пита на коцки. На чинија за сервирање ставаме едно парче Брза пита.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.