- Во сад за матење ги ставаме брашното, шеќерот, прашокот за печиво, маслото и пивото. Го вклучуваме миксерот со мешалките за тесто и матиме додека состојките не се соединат. Продолжуваме да го месиме тестото со рака.
- Кинеме парче од тестото и формираме топче со големина на орев. На работна маса од топчето со сукалка развлекуваме коричка. На средината ставаме мелени ореви. Ги соединуваме краевите на кората, формирајќи ја пиварката. Ја ставаме во тавата за печење.
- На истиот начин ги формираме сите пиварки и ги редиме во тавата. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
- Почнуваме со подготовка на шербетот. Во тенџере на оган ги ставаме водата и шеќерот. Лимонот го цедиме во цедалка и го додаваме лимоновиот сок во тенџерето. Откако шербетот ќе зоврие го тргаме тенџерето од оган. Ги ставаме изладените пиварки во тенџерето со врелиот шербет.
- Откако ќе го впијат шербетот со лажица решетка ги вадиме Пиварките од тенџерето и ги редиме на чинија за сервирање. Ги наросуваме со мелени ореви.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.