- Почнуваме со подготовка на темната смеса. Чоколадата ја кршиме на парчиња, ја ставаме во тенџере на оган и мешаме со лажица. Откако чоколадата ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган. Оставаме чоколадата да се излади.
- Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер и го додаваме шеќер во прав. Откако белките ќе ја добијат потребната цврстина во садот ги додаваме мелените лешници, изладената растопена чоколада и румот. Матиме со миксерот додека темната смеса не се соедини.
- Почнуваме со подготовка на светлата смеса. Во сад за матење ги ставаме маргаринот и шеќерот во прав. Матиме со миксер додека маргаринот не стане пенест. Варените жолчки ги гмечиме со виљушка и ги додаваме во садот. Матиме со миксер додека светлата смеса не се соедини.
- На едната рака ставаме шеќер во прав. Земаме од светлата смеса, формираме топче и го ставаме на послужавник. На истиот начин ги подготвуваме сите топчиња и ги редиме на послужавникот. Потоа земаме од темната смеса и ја расплескуваме на едната рака. На средината ставаме топче од светлата смеса и ја формираме бомбицата. Ја свалкуваме во 100-те грама мелени лешници и ја враќаме на послужавникот. Н
- а истиот начин ги формираме сите бомбици и ги редиме на послужавникот. Од Двобојните бомбици ставаме на чинија за сервирање. Две бомбици сечеме на половина, па и нив ги додаваме на чинијата.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.