Bavarska-salata

Баварска Салата

Ете тоа Ви се Германци, пиво со се и секаде – со колбаси задолжително, а овде и во комбинација со вино. Внимавајте само на децата, алкохолот колку и да испарува нешто сепак останува. Се друго е ТОП, вклучувајќи ја и декорацијата.

Потребно е:

300 г шунка
250 г обарен грашок
250 г тенки чадени колбаси
200 г ориз
150 г мајонез
100 мл кисела павлака
100 мл бело вино
100 мл пиво
1 говедска коцка за супа
Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Во тенџере со зовриена вода на оган ја ставаме коцката да се вари супа. Во супата ги додаваме оризот, белото вино и пивото. Откако оризот ќе се свари го тргаме тенџерето од оган.
  2. Го цедиме оризот во цедалка. Шунката ја сечкаме на коцки и ја ставаме во длабок сад. Ги додаваме обарениот грашок и исцединиот ориз. Потоа ги додаваме мајонезот и киселата павлака.
  3. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и ја мешаме салатата со лажица. Колбасите ги сечкаме на тенки кругови. На чинија за сервирање во форма на куп ја нанесуваме
  4. Баварската салата и околу неа во круг ги редиме круговите колбаси. Декорираме со цвет од лушпа од домат и гранчиња француски магдонос.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *