- Почнуваме со подготовка на пандишпанот. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер. Во садот го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи.
- Потоа го додаваме оцетот и матиме додека белките не ја добијат потребната цврстина. И брашното го додаваме во садот и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во тркалезен калап бр 26, намрсен со путер.
- Го ставаме калапот во рерна. Печеме 45 минути на 150 степени и го вадиме од рерна. Почнуваме со подготовка на филовите. Во садот со жолчките ги додаваме брашното и 200 мл млеко, и матиме со миксер додека смесата не се соедини.
- Преостанатото млеко го ставаме во тенџере на оган и го додаваме шеќерот. Потоа непрекинато мешајќи со жица ги додаваме жолчките со млеко и брашно во зовриеното млеко во тенџерето на оган.
- Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Оставаме кремот да се излади. Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја ставаме во сад на пареа. Откако ќе се растопи го тргаме садот од оган.
- Оставаме чоколадата да се излади. Во сад за матење со миксер го матиме путерот додека не стане пенест. Го додаваме изладениот крем и матиме додека смесата не се соедини. Половина од смесата ставаме во друг сад.
- Крем бананите ги сечкаме на парчиња. Ги додаваме во првиот сад и го промешуваме филот со лажица. Во вториот сад ја додаваме изладената растопена чоколада и мешаме со лажица додека филот не се соедини.
- Изладениот пандишпан го вадиме од калапот и го сечеме на половина. Првата кора пандишпан ја ставаме на чинија за торта и ја премачкуваме со филот со крем банани. Врз него ја ставаме втората кора пандишпан и целата торта ја премачкуваме со чоколадниот фил.
- Страничниот дел на тортата го облепуваме со бели шеќерни трошки. Горната површина на Најлон тортата ја декорираме со бели и жолти шеќерни трошки. Отсекуваме едно парче од тортата и го ставаме на чинија за сервирање.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.