Cokoladna-torta-so-banani-(3)

Чоколадна Торта со Банани

Ај, беља работа, зарем и онака не беше една од најубавите, па сега уште и со банани. И со шлаг како капак. Ама, знаете како велат – човек не знае се додека не проба. Ние пробавме и супер е, а Вие ако пробате – пишете.

Потребно е:

ЗА ПАНДИШПАНИ

– 10 јајца
– 10 лажици шеќер
– 6 лажици брашно
– 6 лажици мелени ореви
– 1 прашок за печиво

ЗА ФИЛ

– 1 литар + 200 мл млеко
– 2 кесички прашок за пудинг од чоколада
– 4 лажици нишесте
– 250 г маргарин
– 250 г шеќер во прав
– 2 кесички шлаг крем од чоколада
– 1 кг банани
– 500 мл слатка павлака

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на пандишпаните. Во длабок сад ги кршиме јајцата. Го додаваме шеќерот и матиме со миксер додека не се растопи.
  2. Потоа ги додаваме брашното, мелените ореви и прашокот за печиво, и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Ја распоредуваме во тркалезен калап и тркалезна тава бр 24, обложени со хартија.
  3. Ги ставаме калапот и тавата во рерна. Печеме 30 минути на 180 степени и ги вадиме од рерна. Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере на оган ставаме 600 мл млеко.
  4. Прашокот за пудинг и нишестето ги додаваме во сад со 400 мл млеко, и мешаме со жица. Потоа непрекинато мешајќи со жицата ја додаваме размешаната смеса во зовриеното млеко во тенџерето на оган.
  5. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Оставаме кремот да се излади. Во длабок сад ги ставаме маргаринот и шеќерот во прав, и матиме со миксер додека маргаринот не стане пенест.
  6. Го додаваме изладениот крем и матиме со миксерот додека смесата не се соедини. Во друг длабок сад ги ставаме прашокот за шлаг крем од чоколада и преостанатите 200 мл млеко. Матиме со миксер додека шлаг кремот не ја добие потребната цврстина.
  7. Го додаваме во садот со претходно подготвената смеса и матиме со миксерот додека филот не се соедини. Во сад за матење ја ставаме слатката павлака и матиме со миксер додека не ја добие потребната цврстина.
  8. Бананите ги лупиме и ги сечкаме на кругови. Изладените пандишпани ги вадиме од тавата и калапот, и им ги отстрануваме хартиите. Ги сечеме пандишпаните на половина. На чинија за торта ја ставаме првата кора пандишпан и ја премачкуваме со фил.
  9. Врз филот редиме кругови банани и нанесуваме изматена слатка павлака. Ја ставаме втората кора пандишпан, филуваме, редиме кругови банани и нанесуваме павлака. Истата постапка ја повторуваме и со третата кора пандишпан.
  10. Прекриваме со четвртата кора пандишпан. Потоа целата торта ја премачкуваме со преостанатиот фил и ја наросуваме со чоколадни трошки. Декорираме со розови шеќерни цветови и зелени шеќерни листови.

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: