Polneti-tikvicki-(7)

Полнети Тиквички

Полнето со печурки, сланина, свински врат, домати и покриено со кашкавал. Ручек, помалку здрав а многу вкусен!

Потребно е:

– 4 средни тиквички
– 100 г кромид
– 100 г ленти чаден свински врат
– 100 г ленти чадена сланина
– 100 г сечкани, маринирани шампињони
– 70 г домат
– 1 лажица мешан зачин К+
– ½ кафена лажица оригано
– 200 г кашкавал
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. На тиквичките им ги отсекуваме краевите и ги сечеме на половина по должина. Ги длабиме половинките тиквички за полнење и ги редиме во тава за печење.
  2. Посолуваме, попрскуваме со масло и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 15 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано масло во тава на оган.
  3. Доматот, издлабените делови од тиквичките, и лентите чаден свински врат и сланина ги сечкаме на коцки. Ги додаваме во тавата со омекнатиот кромид. Потоа ги додаваме шампињоните, ориганото и мешаниот зачин К+.
  4. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Откако течноста ќе испари ја тргаме тавата од оган. Со филот ги полниме запечените половинки тиквички. Ја враќаме тавата во рерна. Печеме 30 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
  5. На крупната страна од рендето врз полнетите тиквички го рендаме кашкавалот. Повторно ја враќаме тавата во рерна. Печеме уште 15 минути на истата температура и ја вадиме од рерна.
  6. Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови марула и сервираме од Полнетите тиквички. Декорираме со кругови црвена пиперка и гранчиња француски магдонос.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *