Pilesko-vo-slanina-(1)

Пилешко во Сланина

Маринирани во соја сос и лимон, виткано со сланина, па уште сос од сеф, кечап и млеко. Кој го проба не може да не го засака.

Потребно е:

– 800 г пилешки гради
– 150 г ленти чадена сланина
– 1 лимон
– магдонос
– 2 лажици кечап
– 2 лажици соја сос
– 2 лажици кисело млеко
– 1 лажица сенф
– 1 лажица остро брашно
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Пилешките гради ги сечеме на поголеми парчиња. Ги ставаме во длабок сад и ги преливаме со соја сосот. Лимонот го цедиме во цедалка, па и со лимоновиот сок ги преливаме парчињата пилешко.
  2. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Промешуваме со лажица и оставаме месото да отстои во маринадата 2 часа. Ги вадиме парчињата месо од маринадата и секое го свиткуваме во една лента чадена сланина.
  3. Зацврстуваме со чепкалки и ги пржиме парчињата пилешко во сланина на загреано масло во тава на оган. Откако ќе поруменат од сите страни ги вадиме ролничките од тавата за пржење и ги ставаме во керамичка тава за печење.
  4. Тавата ја ставаме во рерна и печеме 30 минути на 220 степени. Ја вадиме тавата од рерна, ролничките ги вадиме од тавата и им ги отстрануваме чепкалките. Во длабок сад го ставаме брашното.
  5. Додаваме 200 мл вода и мешаме со лажица. Размешаното брашно го додаваме во тавата за пржење на оган, во која се пржеше месото. Потоа во тавата ги додаваме сенфот, кечапот и киселото млеко.
  6. Откако сосот ќе ја добие потребната густина ја тргаме тавата од оган. Магдоносот ситно го сечкаме, го додаваме во тавата и промешуваме. На средината на чинија за сервирање нанесуваме претходно сварени кругови компири.
  7. Врз компирите го сервираме Пилешкото во сланина. Го преливаме со сосот од тавата за пржење и декорираме со листови целер.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: