Pita-so-feta-sirenje-i-piperki-(6)

Пита со Фета Сирење и Пиперки

Фета сирење и пиперки, па оваа комбинација не може да се згреши. Во изглед и вкус-чиста 10-ка

Потребно е:

– 500 г лиснато тесто
– 500 г фета сирење
– 250 г зелени, печени, лупени пиперки
– 5 јајца
– масло за јадење
– Хималајска сол

Подготовка:

  1. Печените пиперки ги сечкаме на ситни коцки и ги ставаме во длабок сад. На крупната страна од рендето во садот го рендаме фета сирењето. Во длабока чинија кршиме 4 јајца и ги матиме со жица.
  2. Ги додаваме во садот со сирењето и пиперките, и го промешуваме филот. Тркалезната тава бр 26 со готварска четка ја намрсуваме со масло. На набрашнета работна маса го сечеме лиснатото тесто на два исти, поголеми и еден помал дел.
  3. Од секое парче лиснато тесто со сукалка развлекуваме кора. Првата поголема кора ја ставаме во намрсената тава, оставајќи краевите да и висат надвор од тавата. Со четката ја премачкуваме кората со масло.
  4. Врз неа ја ставаме втората, иста таква кора и врз неа го нанесуваме филот. Краевите на двете кори ги свиткуваме кон внатрешноста на тавата, формирајќи витка на питата. Третата, помала правоаголна кора ја сечеме на ленти.
  5. Во форма на тараби лентите ги редиме на филот на питата. Преостанатото јајце го кршиме и ја делиме белката од жолчката. Ја матиме жолчката со виљушка и посолуваме. Во садот додаваме 2 лажици масло и промешуваме со виљушката.
  6. Потоа со четката со изматена жолчка ги премачкуваме лентите и витката на питата. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 40 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна. Откако малку ќе се излади ја сечеме питата на четвртинки и ги редиме на керамичка чинија за сервирање.
  7. Декорираме со еден лист црвена зелка на средината на чинијата. Го полниме листот со гранчиња свежа мајчина душичка и листови жалфија.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *