Fantazija-od-meso-(2)

Фантазија од Месо

Пилешки ролати филувани со кашкавал и шунка, испржени па исечени на парчиња со добар гарнир се веќе одлични. Но, доколку уште и ги испечете со сос од шампињони со кромид ќе се уверите дека секогаш може и повеќе и подобро.

Потребно е:

1 ½ кг пилешки гради
400 г чаден кашкавал
400 г сечкани, маринирани шампињони
200 г кругови шунка
100 г кромид
магдонос
2 чешниња лук
200 мл кисела павлака
2 лажици брашно
1 лажица мешан зачин К+
масло за јадење
Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Пилешките гради ги засекуваме на половина. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Ги прекриваме парчињата пилешко со најлонска фолија и ги толчиме со чук.
  2. Кашкавалот го сечкаме на долгнавести парчиња. На едната половина на првата шницла ставаме 2 круга шунка, а врз нив 2 парчиња кашкавал. Краевите на шницлата ги свиткуваме кон внатрешноста и виткаме ролат.
  3. На истиот начин ги формираме сите ролати и ги пржиме на згреано масло во тава на оган. Откако ќе поруменат од сите страни ги вадиме ролатите од тавата и ги сечеме на парчиња.
  4. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано масло во тенџере на оган додека не омекне. Ги додаваме шампињоните и мешаниот зачин К+. Чешнињата лук ситно ги сечкаме и ги додаваме во тенџерето.
  5. Откако и шампињоните ќе се запржат ги додаваме брашното, 500 мл вода и киселата павлака. Мешаме со жица и вариме додека сосот не ја добие потребната густина.
  6. Од сосот ставаме во керамичко тенџере, ги редиме парчињата ролати и го нанесуваме преостанатиот сос. Магдоносот ситно го сечкаме, го наросуваме во тенџерето и го ставаме во рерна.
  7. Печеме 1 час на 220 степени и го вадиме тенџерето од рерна. На чинија за сервирање ставаме од содржината во тенџерето. Додаваме претходно обарени моркови и пченка. Преливаме со сосот од тенџерето и ја декорираме Фантазијата од месо со листови целер.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: