- Еурокремот и путерот ги ставаме во сад на пареа. На парчиња кршиме 100 г бела чоколада и ја додаваме во садот. Го додаваме маслото и мешаме со лажица.
- Откако путерот и чоколадата ќе се растопат го тргаме садот од оган. Ги додаваме мелените лешници и ореви, и мешаме со лажицата додека смесата не се соедини.
- Со кафена лажица со подготвената смеса полниме хартиени корпички и ги редиме на послужавник.
- На крупната страна од рендето на наполнетите корпички ја рендаме преостанатата бела чоколада.Откако ќе се изладат ги редиме Белите корали на чинија за сервирање.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.