- Компирите ги сечкаме на многу тенки кругови и ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Откако ќе поруменат ги вадиме од тавата и ги ставаме на чинија, обложена со хартија.
- Месото го сечеме на шницли. Ги посолуваме, ги наросуваме со мелен црн пипер и ги толчиме со дрвен чук. На чинија ставаме по половина од лебните трошки и пармезанот, и промешуваме со лажица.
- Во длабок сад ги кршиме јајцата и ги матиме со жица. Додаваме 30-тина мл млеко и промешуваме со жицата. Шницлите ги свалкуваме во брашно, во изматени јајца и во лебни трошки со пармезан, и ги редиме на чинија.
- Во преостанатите изматени јајца додаваме по малку млеко и брашно, и преостанатиот пармезан. Ја промешуваме смесата со жица и ја пржиме на загреано масло во тава на оган.
- Откако ќе се испржи од двете страни го вадиме омлетот од тавата и го ставаме на чинија. На маслинките им ги отстрануваме семките и ситно ги сечкаме. Доматот го сечкаме на многу ситни коцки.
- На парче најлонска фолија го ставаме омлетот. На едната половина ги нанесуваме исечканиот домат и маслинките, и со помош на фолијата виткаме ролат. Го свиткуваме ролатот во фолијата.
- Откако ќе се обликува го одвиткуваме од фолијата и го сечеме на коси парчиња. Потоа во тавата од двете страни ги пржиме подготвените шницли и ги ставаме на чинија. На едната страна на чинија за сервирање скалесто ги редиме похуваните шницли.
- На секоја шницла ставаме по едно парче омлет и по една кафена лажица мајонез, и декорираме со гранче копар. До шницлите ги сервираме пржените кругови компири. Декорацијата ја завршуваме со два круга лимон и гранчиња копар.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит.