Medeni-rolat-(1)

Медена Салама

Брза и лесна за подготовка, а многу вкусна е најкусото што може да го кажеме за оваа салама од чоколада, исечкани медени срца со вкус на вишна, ореви, мед и арома на цимет. Единствено што уште Ви треба се желбата да ја направите и 15-тина минути слободно време

Потребно е:

– 200 г медени срца со вкус на вишни
– 100 г чоколада за готвење
– 100 г сечкани ореви
– 6 лажици масло за јадење
– 3 лажици мед
– ½ лажица цимет

Подготовка:

  1. Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја ставаме во тенџере на оган. Го додаваме маслото и мешаме со лажица.
  2. Откако чоколадата ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган. Медените срца ги сечкаме на парчиња и ги ставаме во длабок сад. Ги додаваме подизладената растопена чоколада, сечканите ореви, медот и циметот.
  3. Ја месиме смесата со рака додека не се соедини. Ја ставаме на парче алуминиумска фолија, намрсена со масло и со раце ја формираме саламата. Ја свиткуваме во фолијата и ја ставаме во фрижидер.
  4. Откако ќе се излади и ќе се стегне ја вадиме саламата од фрижидер. Ја одвиткуваме од фолијата и ја сечеме на коси парчиња.
  5. Со слаткарска кеса со претходно изматен шлаг ја украсуваме чинијата за сервирање. Врз шлагот наросуваме разнобојни шеќерни трошки. Потоа на чинијата во две колони скалесто ги редиме парчињата Медена салама.

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: