- Зовриената вода во тенџере на оган ја посолуваме и додаваме масло. Во водата ги вариме тестенините и ги цедиме во цедалка.
- Печурките ги сечкаме на парчиња и ги запржуваме на загреано масло во тава на оган. Пилешкиот стек го сечкаме на ситни коцки и го додаваме во тавата. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и го додаваме ориганото.
- Во тавата со обеленото месо ги додаваме млекото и топеното сирење, и промешуваме. Откако месото ќе омекне и сосот ќе ја добие потребната густина ја тргаме тавата од оган.
- На чинија за сервирање ги ставаме исцедените тестенини. Врз нив го нанесуваме сосот од топено сирење и декорираме со листови црвена марула.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.