Tava-fantazija-(4)

Тава Фантазија

Во што се состои фантазијата? Па, само замислете, на едно место свински и шницли од пилешки гради, ленти чадена сланина, топено сирење и кругови домати. И се тоа испечено во керамичка тава, па каде овде човек да стави забелешка?

Потребно е:

– 500 г пилешки гради
– 500 г свинска кртина
– 500 г ленти чадена сланина
– 300 г домати
– 1 кутија топено топено сирење
– 2 лажици мешан зачин К+
– 1 лажица оригано
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Пилешките гради и свинската кртина ги сечкаме на тенки шницли. Посолуваме, и наросуваме со мелен црн пипер, оригано и мешан зачин К+.
  2. Ги редиме парчињата месо на чинија и оставаме да ги впијат зачините. Дното на керамичка тава, намрсена со масло го прекриваме со ленти сланина. Врз нив прво ги редиме пилешките шницли, а потоа парчињата топено сирење.
  3. Ги наросуваме со преостанатиот мешан зачин и оригано. Доматите ги сечкаме на кругови, ги редиме во тавата и ги наросуваме со мелен црн пипер.
  4. Прекриваме со свинските шницли и врз нив скалесто редиме ленти сланина. Преливаме со 300 мл вода и ги додаваме преостанатите ленти сланина. Ја покриваме тавата со алуминиумска фолија и ја ставаме во рерна.
  5. Печеме 2 часа на 200 степени и ја вадиме од рерна. На чинија за сервирање ставаме од тавата Фантазија и декорираме со две млади кромитчиња.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: