Slavonski-palacinki-(3)

Славонски Палачинки

Благи или солени палачинките се омилени и на децата и на возрасните. Дека во Славонија од секогаш добро се јадело ретко кој не знае. А, за специјалитетов само ќе речеме – како може да не чини кога нема што нема, дури и арома на морско оревче.

Потребно е:

8 палачинки
500 г мелено свинско месо
600 г мелено јунешко месо
100 г кромид
120 г домат
70 г зелена пиперка
1 чешне лук
400 мл млеко
50 г + 1 лажица брашно
50 г маргарин
150 г кругови кулен
150 г ленти чаден свински врат
150 г кашкавал
2 варени, лупени јајца
1 ½ лажица мешан зачин К+
морско оревче
масло за јадење
Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано масло во тава на оган. Откако кромидот ќе омекне ги додаваме двата вида мелено месо и го ситниме со лажица.
  2. Пиперката и доматот ги сечкаме на ситни коцки, а чешнето лук ситно го сечкаме. Ги додаваме во тавата со испрженото месо. Посолуваме, и наросуваме мелен црн пипер и 1 лажица мешан зачин К+.
  3. Откако зеленчукот ќе се испржи додаваме 1 лажица брашно, промешуваме и ја тргаме тавата со филот од оган. На растопениот маргарин во друга тава на оган ги пржиме преостанатите 50 г брашно и мешаме со жица.
  4. Ги додаваме млекото и преостанатиот мешан зачин. Рендаме морско оревче и откако Бешамел сосот ќе ја добие потребната густина ја тргаме тавата од оган. На првата палачинка ставаме од филот од мелено месо и ја виткаме во ролат. Ја ставаме во огноотпорен сад, намрсен со масло. На истиот начин ги подготвуваме сите палачинки и ги редиме во садот.
  5. Врз нив прво ги редиме круговита кулен, а потоа лентите чаден свински врат. Варените јајца ги сечкаме на кругови, па и нив ги редиме во садот. На крупната страна од рендето во садот го рендаме кашкавалот. Преливаме со Бешамел сосот и попрскуваме со масло.
  6. Го ставаме садот во рерна. Печеме 20 минути на 180 степени и го вадиме од рерна. Ги сечеме палачинките на парчиња и едно парче ставаме на чинија за сервирање. Декорираме со кругови црвена пиперка и гранчиња магдонос.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: