Sagar-(8)

Сагар

Индија секогаш и секому е предизвик да се посети. Има што да се види, но и што да се научи од тамошната култура и традиција. Но, секако не мора да одите до таму за да ја пробате тортава. Ете некому му текнало да го донесе рецептот или едноставно се досетил така да ја именува својата омилена торта – сеедно, тортата е 5-ка.

Потребно е:

10 јајца

ЗА ПАНДИШПАН

10 лажици шеќер
4 лажици брашно
5 лажици мелени ореви
2 лажици какао
½ кесичка прашок за печиво

ЗА ФИЛ И ДЕКОРАЦИЈА

500 мл млеко
10 лажици шеќер
3 лажици нишесте
3 лажици брашно
250 г маргарин
100 г чоколада за готвење
50 г сечкани ореви

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на пандишпанот. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Со миксер ги матиме белките. Во садот го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи.
  2. Потоа ги додаваме брашното, мелените ореви, какаото и прашокот за печиво, и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во тркалезен калап бр 26, обложен со хартија.
  3. Калапот го ставаме во рерна. Печеме 40 минути на 200 степени и го вадиме од рерна. Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере на оган ги ставаме млекото, шеќерот, густинот и брашното. Ги додаваме и жолчките, преостанати од пандишпанот и мешаме со жица.
  4. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја додаваме во тенџерето. Мешаме со жицата додека не се растопи. Оставаме кремот да се излади.
  5. Во сад за матење со миксер го матиме маргаринот додека не стане пенест. Го додаваме изладениот крем и матиме со миксерот додека филот не се соедини. Изладениот пандишпан го вадиме од калапот, му ја отстрануваме хартијата и го сечеме на половина.
  6. Првата кора пандишпан ја ставаме на чинија за торта и ја премачкуваме со фил. Врз филот ја ставаме втората кора пандишпан и целата торта ја премачкуваме со фил. Преостанатиот фил го ставаме во слаткарска кеса.
  7. Со топчиња фил ги украсуваме страничниот дел и крајот на горната површина на тортата. Декорираме со полукругови портокал и сечканите ореви. Декорацијата ја завршуваме со топчиња фил на полукруговите портокал.

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: