Tropical-torta-(1)

Тропикал Торта

Три кори пандишпан со урми, смокви, суво грозје, и дробени ореви и лешници, чоколаден фил, банани и шлаг. И што би кажале Вие после се ова, каква е тортата? Тропикал – нормално, но да не заборавиме и со фантастичен вкус.

Потребно е:

20 јајца

ЗА ПАНДИШПАНИ

20 лажици шеќер
1 лажица брашно
1 обланда
150 г сечкани суви смокви
100 г сечкани урми
100 г дробени ореви
100 г дробени лешници
100 г суво грозје

ЗА ФИЛ

200 г шеќер
200 г чоколада за готвење
300 г маргарин
1 кг банани
ЗА УКРАСУВАЊЕ
2 кесички прашок за шлаг
200 мл млеко

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на пандишпаните. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер.
  2. Лажица по лажица во садот го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи. Ги додаваме брашното, дробените ореви и лешници, сечканите урми и смокви, и сувото грозје. Со раце ја кршиме обландата на ситни парчиња и ја додаваме во садот.
  3. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Ја распоредуваме во две тави од рерна, обложени со хартија. Ги ставаме тавите во рерна. Печеме 15 минути на 180 степени и ги вадиме од рерна.
  4. Почнуваме со подготовка на филот. Во садот со преостанатите жолчки го додаваме шеќерот и матиме со миксер додека не се растопи. Го ставаме садот на пареа. Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја додаваме во садот.
  5. Откако ќе се растопи и чоколадниот крем ќе ја добие потребната густина го тргаме садот од оган. Оставаме кремот да се излади. Потоа во садот го додаваме маргаринот и матиме со миксерот додека филот не се соедини.
  6. Изладените пандишпани ги вадиме од тавите и им ги отстрануваме хартиите. Од двата пандишпана отсекуваме по 1/3 по должина, за да формираме 3 ленти пандишпан.
  7. Првата лента пандишпан ја ставаме на послужавник и ја премачкуваме со фил. Врз него од двете отсечени 1/3 ја формираме втората лента пандишпан и филуваме. Прекриваме со третата лента и ја премачкуваме со преостанатиот фил.
  8. Бананите ги лупиме и ги редиме на филуваната торта. Во сад за матење ги ставаме прашокот за шлаг и млекото, и матиме со миксер додека шлагот не ја добие потребната цврстина. Го ставаме во слаткарска кеса.
  9. Со шлаг ги прекриваме страничните делови и краевите на горната површина на тортата. Топчиња шлаг нанесуваме и на бананите. Декорираме со чоколаден прелив и зрна суво грозје.

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: