Soleni-kuglici-so-kikiritki-(1)

Солени Бомбици со Кикиритки

Кога ќе ги видите навистина многу наликуваат на солени Рафаело бомбици, но вкусот кажува нешто сосема друго. Брзо и лесно се подготвуваат, па Ви препорачуваме задолжително да ги пробате.

Потребно е:

400 г брашно
2 јајца
150 г посолени пржени кикиритки
250 г маргарин
100 мл млеко
100 г сусам
Хималајска сол

Подготовка:

  1. Во длабок сад го ставаме брашното. Кршиме 1 јајце и го додаваме во садот. Второто јајце го кршиме, белката ја оставаме во сад на страна, а жолчката ја додаваме во длабокиот сад.
  2. Ги додаваме млекото и маргаринот. Посолуваме и со рака замесуваме тесто. Кинеме парче од тестото, во средината ставаме една кикиритка, формираме бомбица со големина на орев.
  3. На истиот начин ги формираме сите бомбици и ги редиме на послужавник. Ги свалкуваме бомбиците во белката, а потоа во сусамот и ги редиме во огноотпорен сад.
  4. Печеме 20 минути на 220 степени и го вадиме садот од рерна. Ги вадиме бомбиците од огноотпорниот сад и ги редиме на чинија за сервирање. Декорираме со листови целер и гранче црвен босилек.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: