bombici-so-sirenje

Бомбици од Сирење

Како му ја тргнавме ова излезе како да сакаме да покажеме кои се видови на сирења ги знаеме, ама за вкусот кој го добивме вредеше. Преубави се и вака црвени, жолти, зелени за кога ќе ги правите првпат, а ако следниот пат сте поинспирирани слободно променете нешто, само водете сметка да оди со вкуст на сирењата.

Потребно е:

300 г сирење
50 г кашкавал
3 парчиња топено сирење
1 лажица рендан пармезан
50 г сусам
магдонос
2 лажици црвен пипер

Подготовка:

  1. На крупната страна од рендето во длабок сад ги рендаме сирењето и кашкавалот. Ги додаваме рендениот пармезан и парчињата топено сирење. Мешаме со лажица додека не добиеме хомогена смеса.
  2. Формираме бомбици со големина на орев и ги редиме на чинија. Една третина од бомбиците свалкуваме во црвениот пипер. Магдоносот ситно го сечкаме и во него ги свалкуваме втората третина од бомбиците.
  3. Преостанатите бомбици ги свалкуваме во сусамот. Чинијата за сервирање ја украсуваме со венец од сечкана марула. Во средината на венецот прво ги редиме бомбиците со црвен пипер, потоа бомбиците со магдонос и на крај бомбиците облепени со сусам.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *