- Почнуваме со подготовка на пандишпаните. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер. Во садот го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи.
- Ги додаваме брашното и прашокот за печиво, и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Ја делиме смесата на два еднакви дела. Во првиот сад го додаваме кокосовото брашно и мешаме со лажицата додека смесата не се соедини.
- Ја нанесуваме во правоаголна тава бр 32, обложена со хартија. Во вториот сад ги додаваме сечканите ореви. На крупната страна од рендето во садот ја рендаме чоколадата и мешаме со лажицата додека смесата не се соедини.
- Ја нанесуваме во друга правоаголна тава бр 32, обложена со хартија. Ги ставаме тавите во рерна. Печеме 20 минути на 180 степени и ги вадиме од рерна. Почнуваме со подготовка на првиот фил.
- Во тенџере на оган го ставаме млекото. Откако ќе зоврие го тргаме тенџерето од оган. Со врелото млеко ги преливаме мелените ореви и промешуваме со лажица. Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја ставаме во сад на пареа.
- Откако чоколадата ќе се растопи го тргаме садот од оган. Во сад за матење ги ставаме путерот и шеќерот во прав, и матиме со миксер додека путерот не стане пенест. Ги додаваме оревите прелиени со млеко и изладената растопена чоколада.
- Мешаме со лажица додека филот не се соедини. Почнуваме со подготовка на вториот фил. Во садот со жолчките ги додаваме ванилиниот шеќер и половина од шеќерот во прав, и матиме со миксер.
- Го ставаме садот на пареа и мешаме со лажица. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме садот од оган. Оставаме кремот да се излади. Потоа во садот ги додаваме путерот и преостанатиот шеќерот во прав.
- Матиме со миксер додека филот не се соедини. Изладените пандишпани ги вадиме од тавите и им ги отстрануваме хартиите. На послужавник го ставаме кафениот пандишпан и го премачкуваме со вториот фил.
- Врз филот го ставаме жолтиот пандишпан и го премачкуваме со првиот фил. Наросуваме дробени ореви и откако ќе се излади го сечеме колачот на коцки. Четири коцки ставаме на чинија за сервирање.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.