Bombici-od-suvi-smokvi-(1)

Бомбици од Суви Смокви

За оваа превкусна смеса од дробени ореви, рендана кора од портокал, рум и растопена чоколада потребни Ви се 5 минути за да ја подготвите и голема инспирација. Во зависност од тоа со што ќе ги облепите може да подготвите безброј видови колачи. Штангли, коцки, триаголници, салами…, а не само бомбици.

Потребно е:

500 г мелени суви смокви
250 г шеќер
250 г дробени ореви
100 г чоколада за готвење
100 мл рум
1 портокал
150 г мелени ореви
100 г чоколадни трошки
100 г шеќер

Подготовка:

  1. Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја ставаме во сад на пареа. Откако ќе се растопи го тргаме садот од оган. Во длабок сад ги ставаме мелените смокви, шеќерот и дробените ореви.
  2. На ситната страна од рендето во садот рендаме кора од портокал. Ги додаваме румот и растопената чоколада, и ја месиме смесата со рака додека не се соедини. Формираме бомбици со големина на орев и ги редиме на чинија.
  3. По една третина од бомбиците свалкуваме во шеќер, мелени ореви и чоколадни трошки. Од Бомбиците од суви смокви редиме на чинија за сервирање.

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: