Junesko-na-burgutinski-nacin2

Јунешко на Бургундски Начин

Розбратната заслужено го носи епитетот на едно од најдобрите парчиња говедско месо. Но, што е навистина добро ќе откриете откако ќе го пробате ова со сланина шпикувано, маринирано месо, испржено па испечено со зеленчук во земјана тава. Облепено со магдонос и вака сервирано навистина е празник за сите сетила.

Потребно е:

800 г јунешка розбратна
250 г чадена сланина
150 г кромид
100 г корен од целер
80 г корен од пашканат
70 г морков
6 чешниња лук
700 мл црвено вино
500 г конзервирани домати
магдонос
15-тина зрна црн пипер
3-4 ловорови листови
1 кафена лажица шеќер
1 кафена лажица сув босилек
150 г црни маслинки
масло за јадење
Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Месото го засекуваме на повеќе места, формирајќи џебови. Половина од сланината ја сечкаме на долгнавести парчиња, ги полниме џебовите во месото и го ставаме во длабок сад. Го преливаме со виното и ги додаваме зрната црн пипер.
  2. На магдоносот му ги отсекуваме рачките и ги додаваме во садот. Ситно сечкаме една главица кромид, а чешнињата лук ги сечкаме на парчиња, па и нив ги додаваме во садот.
  3. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и оставаме месото да отстои во маринадата 24 часа. Го вадиме од маринадата и го сушиме со хартија. Преостанатата сланина ја сечкаме на коцки и ја пржиме на загреано масло во тава на оган. Откако сланината ќе порумени во тавата го додаваме шпикуваното месо.
  4. Морковот го сечкаме на кругови, а корените од целер и пашканат на парчиња и ги додаваме во тавата. Откако ќе порумени од сите страни ја вадиме розбратната од тавата за пржење и ја ставаме во земјана тава. Во тавата на оган кратко го запржуваме зеленчукот од маринадата, го додаваме во земјаната тава и ја ставаме во рерна.
  5. Печеме 2 часа на 180 степени и ја вадиме од рерна. Преостанатата главица кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме во друга тава на оган со загреано масло. Во тавата со омекнатиот кромид ги додаваме конзервираните домати. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Ги додаваме ловоровите листови, босилекот и шеќерот. Откако доматите ќе се испржат јатргаме тавата со сосот од оган. Магдоносот ситно го сечкаме и го наросуваме на парче алуминиумска фолија, намрсена со масло.
  6. На средината на фолијата ја ставаме испечената розбратна, ја свиткуваме и притискаме со раце за магдоносот да се залепи на месото. Ја отвораме фолијата и ја сечеме розбратната на парчиња.
  7. Чинијата за сервирање ја украсуваме со еден лист марула и го нанесуваме сосот од домати. Врз него скалесто ги редиме парчињата розбратна и ги нанесуваме маслинките. Јунешкото на бургундски начин го декорираме со листови целер.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: