Solen-kuglof1

Солен Куглоф

Со мелено месо, коцки пилешки стек и варени моркови, маринирани шампињони, јајца и мајонез, па декориран со кисела павлака повеќе ќе му прилега да се вика Превкусен отколку само Солен куглоф.

Потребно е:

500 г пилешки стек
300 г мелено месо
300 г моркови
200 г сечкани, маринирани шампињони
200 г кашкавал
4 јајца
3 лажици брашно
2 лажици лебни трошки
1 лажица мајонез
1 кесичка прашок за печиво
400 мл кисела павлака
Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Морковите ги сечкаме на коцки, ги вариме во зовриена вода во тенџаре на оган и ги цедиме во цедалка. На шампињоните со раце им ја истиснуваме течноста, ситно ги сечкаме и ги додаваме во садот со меленото месо.
  2. Пилешкиот стек го сечкаме на коцки и го додаваме во садот. Прашокот за печиво го додаваме во садот со брашното и промешуваме. Потоа и брашното го додаваме во садот. Ги додаваме исцедените моркови, лебните трошки и мајонезот.
  3. Кршиме 3 јајца и ги додаваме во садот. Четвртото јајце го кршиме, белката ја оставаме во сад на страна, а жолчката ја додаваме во длабокиот сад. На крупната страна од рендето во садот го рендаме кашкавалот.
  4. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во калап куглоф, намрсен со путер. Со виљушка ја матиме белката и ја премачкуваме смесата во калапот.
  5. Го ставаме калапот во рерна. Печеме 60 минути на 200 степени и го вадиме од рерна. Го превртуваме куглофот на чинија за торта. Киселата павлака ја ставаме во слаткарска кеса, и го декорираме куглофот.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *