- Младото кромитче го сечкаме на парчиња. Кратко го запржуваме на загреана мешавина од путер и масло, и ја тргаме тавата од оган. Во длабок сад ги ставаме урдата, мајчината душичка, млекото и запрженото младо кромитче.
- Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и го промешуваме филот со лажица. Едната половина од првата палачинка ја премачкуваме со фил, ставаме два круга шунка и виткаме ролат. На истиот начин ги подготвуваме сите палачинки.
- Им ги отсекуваме краевите, ги сечеме на парчиња и ги редиме на чинија. На тиквичките им ги отсекуваме краевите и ги сечкаме на коцки. Ги пржиме на загреана мешавина од преостанатиот путер и масло во друга тава на оган. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја додаваме во тавата. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и го додаваме шафранот.
- Откако тиквичките и кромидот ќе омекнат ја тргаме тавата од оган. Содржината ја ставаме во блендер, додаваме 2 лажици масло и 30 мл вода, и миксаме. Смесата ја нанесуваме во керамичка тава за печење, намрсена со масло.
- Врз неа исправени ги редиме парчињата палачинки и ги наросуваме со ренданиот пармезан. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 20-тина минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
- На чинија за сервирање ставаме од прстените. До нив нанесуваме од сосот од тиквички и го шариме со лажица. Декорираме со полукругови лимон и гранчиња француски магдонос.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.