- Котлетите ги толчиме со дрвен чук. Од двете страни ги посолуваме, и ги наросуваме со мелен црн пипер. Потоа ги наросуваме со црвен пипер, рузмарин и со половина од тимијанот.
- Ги притискаме котлетите со раце за да се залепат зачините и ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Откако ќе поруменат од двете страни ги вадиме котлетите од тавата за пржење и ги ставаме во керамичка тава, намрсена со масло.
- Во длабок сад ги кршиме јајцата и го додаваме преостанатиот тимијан. Шунката ја сечкаме на коцки и ја додаваме во садот. На ситната страна од рендето во садот го рендаме сирењето. Наросуваме мелен црн пипер и го промешуваме филот со лажица.
- Од филот нанесуваме на секој котлет и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 15-тина минути на 220 степени и ја вадиме од рерна.
- На чинија за сервирање нанесуваме претходно подготвена и зачинета салата од марула со млад кромид и ротквички. Врз неа редиме кругови краставица и домат. Ги сервираме котлетите и декорираме со кругови лимон.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит.