Ovosna-salama1

Овошна Салама

Едноставна, брза и лесна за подготовка, и предизвикот да се направи е веќе тука. Тоа за првиот пат, тоа што ќе има и следен пат, и повторно, и уште еднаш – виновникот е преубавиот вкус.

Потребно е:

1 обланда
200 г суви смокви
150 г мешано овошје од компот
100 г ореви
100 г суви сливи
2 јајца
150 г путер
150 г бисквити
100 г шеќер
50 г џем од сливи
20 г какао

Подготовка:

  1. Обландата ја свиткуваме во навлажнета кујнска крпа и оставаме да омекне. Сувите смокви и сливи ситно ги сечкаме, и ги ставаме во длабок сад. И овошјето од компот ситно го сечкаме и го додаваме во садот.
  2. На работна маса со сукалка ги дробиме оревите и ги додаваме во садот. Потоа го додаваме џемот. Бисквитите ги кршиме на парчиња, па и нив ги додаваме во садот. Во тенџере на оган го ставаме путерот.
  3. Откако ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган. Ги додаваме шеќерот и какаото, и мешаме со лажица. Оставаме смесата да се излади. Потоа во тенџерето додаваме 1 јајце.
  4. Второто јајце го кршиме, белката ја оставаме во сад на страна, а жолчката ја додаваме во тенџерето. Ја мешаме смесата со лажицата додека не се соедини. Ја додаваме во садот со овошјето и бисквитите, и го промешуваме филот со лажицата.
  5. Омекнатата обланда ја одвиткуваме од крпата и од шарената страна ја премачкуваме со филот. Виткаме ролат, оставаме да се излади и го сечеме на парчиња. На чинија за сервирање скалесто и во круг ги редиме парчињата Овошна салама.

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: