- Почнуваме со подготовка на кората. На работна маса со сукалка ги дробиме оревите. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер. Во садот ги додаваме шеќерот и лимоновиот сок, и матиме додека шеќерот не се растопи и белките не ја добијат потребната цврстина.
- Во тава од рерна, обложена со хартија ги распоредуваме издробените ореви. Врз нив ги нанесуваме изматените белки и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 15 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Почнуваме со подготовка на филовите.
- Жолчките ги матиме со миксер. Во садот додаваме 150 г шеќер и матиме додека не се растопи. Го ставаме садот на пареа и мешаме со лажица. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме садот од оган. Оставаме кремот да се излади.
- Во тенџере на оган ставаме 700 мл млеко и ги додаваме преостанатите 100 г шеќер. Прашокот за пудинг го додаваме во садот со преостанатото млеко и мешаме со жица. Потоа непрекинато мешајќи со жицата го додаваме размешаниот пудинг во зовриеното млеко во тенџерето на оган.
- Откако пудингот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Оставаме пудингот да се излади и го ставаме во длабок сад. Го додаваме путерот и матиме со миксер додека смесата не се соедини.
- Потоа го додаваме кремот од жолчки и повторно матиме додека филот не се соедини. Половина од филот ставаме во сад за матење. Во длабокиот сад го додаваме кокосовото брашно и го мешаме филот со лажица. Изладената кора ја вадиме од тавата, и ја отстрануваме хартијата и ја сечеме на 3 еднакви ленти по должина.
- На послужавник ја ставаме првата лента и ја премачкуваме со фил без кокосово брашно. На ситната страна од рендетео на филот рендаме чоколада. И врз неа нанесуваме од истиот фил и ја ставаме втората лента од кората.
- Ја филуваме со филот со кокосово брашно. Прекриваме со третата лента и целата торта ја премачкуваме со преостанатиот фил со кокосово брашно. Во сад за матење ги ставаме прашокот за шлаг и млекото, и матиме со миксер додека шлагот не ја добие потребната цврстина.
- Го ставаме во слаткарска кеса, и ги украсуваме долните странични делови и краевите на горната површина на тортата. Топки шлаг нанесуваме на средината на горната површина на тортата.
- И преостанатиот фил без кокосово брашно го ставаме во слаткарска кеса и со топки фил ја декорираме горната површина на тортата. Преостанатата чоколада ја рендаме на чинија и ја наросуваме на шлагот на Љубовното гнездо.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.