Truffle-Balls

Бомбици со Урми

Брзи, лесни, здрави и вкусни! Не пропуштајте да ги направите.

Потребно е:

•100 г урми без семки
•200 г мелени бадеми
•200 г мелени лешници
•100 г кокосово брашно
•2 лажици шеќер
•2 лажици какао
•4 ½ лажици вода

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ги ставаме водата и шеќерот, и откако шербетот ќе зоврие го тргаме тенџерето од оган.
  2. Урмите ги преливаме со врела вода. Откако ќе омекнат ги цедиме во цедалка и ги ставаме во блендер. Ги додаваме какаото, шербетот, и по 3 лажици мелени лешници и бадеми. Ги миксаме состојките и ги ставаме во длабок сад.
  3. Ги додаваме преостанатите лешници и бадеми, и ја месиме смесата со рака додека не се соедини. Формираме топчиња со големина на орев и ги свалкуваме во кокосовото брашно.
  4. На чинија за сервирање ставаме четири Бомбици со урми. Декорираме со еден бел шеќерен цвет и два зелени шеќерни листа.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

One Response

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: