Torta-so-brusnici-(2)

Торта со Брусници

Пандишпан со чоколада за готвење, еден фил од изматена слатка павлака, бела чоколада и маскарпоне сирење, и друг во кој се додадани изгмечени брусници и желатин. Одлично декорирана и една од ретките торти со ова овошје може само да Ви биде поттик да испробате нешто ново, необично и многу вкусно.

Потребно е:

ЗА ПАНДИШПАН
– 4 јајца
– 4 лажици шеќер
– 5 лажици брашно
– 1 лажица какао
– ½ кесичка прашок за печиво
– 50 г чоколада за готвење
– 1 лажица путер
– 4 лажици топла вода

ЗА ФИЛОВИ
– 400 г брусници
– 2 лажици путер
– 4 лажици шеќер
– 2 лажици мед
– 500 г Маскарпоне сирење
– 400 мл слатка павлака
– 150 г бела чоколада
– 2 кесички желатин
– 8 лажици вода

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на пандишпанот. Во тенџере на оган ги ставаме путерот и чоколадата за готвење. Откако ќе се растопат го тргаме тенџерето од оган и оставаме смесата да се излади.
  2. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Белките ги матиме со миксер додека не ја добијат потребната цврстина. Во садот со жолчките ги додаваме шеќерот и топлата вода, и матиме со миксерот додека шеќерот не се растопи. Ја додаваме изладената растопена чоколада со путер и матиме додека смесата не се соедини. Потоа ги додаваме брашното, прашокот за печиво и какаото, и мешаме со лажица. На крајот ги додаваме изматените белки и мешаме со лажицата додека смесата не се соедини.
  3. Ја нанесуваме во тркалезна тава бр 24, обложена со хартија. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 20 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
  4. Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере на оган го ставаме путерот. Откако ќе се растопи ги додаваме брусниците, медот и 2 лажици шеќер, и мешаме со лажица. По неколку минути варење го тргаме тенџерето од оган.
  5. Во друго тенџере на оган ги ставаме желатинот и водата, и мешаме со лажица. Откако содржината ќе зоврие го тргаме тенџерето од оган. Со алатка за пире ги гмечиме брусниците во првото тенџере. Го додаваме сварениот желатин, промешуваме со лажица и оставаме смасата да се излади.
  6. Белата чоколада ја кршиме на парчиња и ја ставаме во трето тенџере на оган. Откако ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган и оставаме чоколадата да се излади. Во длабок сад со миксер ја матиме слатката павлака додека не ја добие потребната цврстина.
  7. Во друг длабок сад ги ставаме Маскарпоне сирењето и преостанатиот шеќер, и матиме со миксер додека сирењето не се иситни. Го додаваме во садот со павлаката и матиме со миксерот додека смесата не се соедини. Потоа ја додаваме изладената растопена бела чоколада и матиме додека белиот фил не се соедини.
  8. Половина од филот ставаме во сад за матење. Ја додаваме смесата со брусници и желатин, и мешаме со лажица додека и овој фил не се соедини.
  9. Изладениот пандишпан го вадиме од тавата. Му ја отстрануваме хартијата и го ставаме пандишпанот на чинија за торта.
  10. Врз пандишпанот прво го нанесуваме филот со брусници, а потоа белиот фил. Ја декорираме тортата со брусници и зелени шеќерни листови.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: