Luto-pilesko-(11)

Луто Пилешко

Малку луто, не многу, таман да Ви отвори апетит!

Потребно е:

– 1 пиле
– 2 лути зелени пиперки
– 200 г домати
– 200 г модар патлиџан
– 150 г кромид
– 100 г ленти чадена сланина
– 3 чешниња лук
– 1 пилешка коцка за супа
– 1 кафена лажица сув босилек
– маслиново масло
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Пилето го сечеме на 8 парчиња, посолуваме и наросуваме со мелен црн пипер. Ги пржиме парчињата пилешко на загреано маслиново масло во тава на оган. Откако ќе поруменат од сите страни ги вадиме од тавата и ги ставаме на чинија.
  2. Во тенџере со зовриена вода на оган ја ставаме коцката да се вари супа. Главиците кромид ситно ги сечкаме и ги пржиме на преостанатата мрснотија во тавата на оган. Лентите сланина, лутите пиперки и чешнињата лук ги сечкаме на парчиња, и ги додаваме во тавата со омекнатиот кромид. Доматите ги лупиме, ги сечкаме на коцки, па и нив ги додаваме во тавата. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и го додаваме босилекот. Промешуваме и ја тргаме тавата од оган.
  3. Содржината од тавата ја ставаме во тенџере и ги редиме испржените парчиња пилешко. Преливаме со супата од коцка и го ставаме тенџерето на оган. Откако месото ќе се свари го тргаме тенџерето од оган.
  4. На модриот патлиџан му ја отсекуваме рачката, го сечкаме на кругови и посолуваме. Ги пржиме круговите модар патлиџан на загреано масло за јадење во тава на оган. Откако ќе поруменат од двете страни ги вадиме од тавата и ги ставаме на чинија.
  5. Чинијата за сервирање ја украсуваме со еден лист марула. Со лажица решетка вадиме од Лутото пилешко од тенџерето и ставаме на чинијата. Потоа на чинијата скалесто ги сервираме испржените кругови модар патлиџан. Декорираме со коцки црвена пиперка и гранчиња француски магдонос.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: