Jagnjeca-kapama

Јагнешка Капама со Спанаќ

Одличен предлог за ручек!

Потребно е:

• 700 г јагнешка кртина од плешка
• 1 кг исчистен спанаќ
• 5 врзопи млад кромид
• 1 зеленчукова коцка за супа
• 1 лажица брашно
• 1 лажица мешан зачин К+
• ½ лажица црвен пипер
• масло за јадење
•сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Во тенџере со 500 мл зовриена вода на оган ја ставаме коцката да се вари супа.
  2. Месото го сечкаме на коцки, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Ги пржиме парчињата јагнешко на загреано масло во друго тенџере на оган. Откако ќе поруменат ги ставаме на чинија.
  3. Младиот кромид го сечкаме на кругови и го пржиме на преостанатата мрснотија во тенџерето на оган. Спанаќот ситно го сечкаме и го додаваме во тенџерето со запржениот кромид.
  4. Откако спанаќот ќе омекне во тенџерето го враќаме испрженото месо и динстаме 10-тина минути. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Ги додаваме мешаниот зачин и супата од коцка, и вариме 30-тина минути.
  5. На загреано масло во тава на оган го пржиме брашното. Го додаваме црвениот пипер, промешуваме и ја додаваме запршката во тенџерето со капамата. Вариме 30 минути и го тргаме тенџерето од оган.
  6. На чинија за сервирање ставаме од Јагнешката капама со спанаќ и декорираме со кругови црвена пиперка.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: