Ledeni-kocki

Ледени Коцки

Супер за мало разладување!

Потребно е:

•4 јајца
•12 лажици шеќер
•10 лажици брашно
•500 мл млеко
•200 мл слатка павлака
•125 путер
•100 г чоколада за готвење
•2 лажици какао
•½ кесичка прашок за печиво
•масло за јадење

Подготовка:

  1. Во сад за матење ги кршиме јајцата и матиме со миксер. Додаваме 5 лажици шеќер и матиме додека не се растопи. Потоа додаваме 5 лажици брашно, прашокот за печиво и какаото, и мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
  2. Ја нанесуваме во со масло намрсена и набрашнета правоаголна тава бр 40. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
  3. Во тенџере на оган ги ставаме млекото, преостанатиот шеќер и преостанатото брашно, и мешаме со жица. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган и оставаме кремот да се излади.
  4. Во длабок сад со миксер го матиме путерот додека не стене пенест. Го додаваме изладениот крем и матиме со миксерот додека филот не се соедини. Со филот го премачкуваме изладениот пандишпан во тавата. Во сад за матење со миксер ја матиме слатката павлака додека не ја добие потребната цврстина и ја нанесуваме врз филот.
  5. Чоколадата искршена на парчиња заедно со маслото ја топиме во тенџере на оган. Ја нанесуваме врз колачот во тавата, ја шариме со виљушка и ја ставаме тавата во фрижидер.
  6. Изладениот колач го сечеме на коцки. На чинија за сервирање ставаме две Ледени коцки. Декорираме со топчиња претходно изматен шлаг и парчиња портокал.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: